ПРИЈАВУВАЊЕ

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА EU YOUTH CINEMA: GREEN DEAL
ИНОВАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ИДНИНАТА


EU Youth Cinema: Green Deal ги поканува младите луѓе во кино и нана стриминг платформа повторно оваа година – на национално ниво и бесплатно!

EU Youth Cinema: Green Deal е прогресивна идеја посветена на одржлива Европа, презентирајќи ги релевантните цели на Европската Унија во филмски контекст. Проектот го опфаќа Европскиот дијалог и затоа е апсолутно политички неутрален и демократски. Преку него учиме да го цениме и разбираме Зелениот договор на ЕУ, но исто така нуди и интеркултурна платформа за мултикултурен пристап кон зелената агенда.

Проектот првенствено е финансиран од Creative Europe, Австриското сојузно министерство за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија и Vienna Insurance Group (ВИГ) со своите локални брендови, вклучувајќи го WINNER LIFE Осигурување и МАКЕДОНИЈА осигурување. Дополнителна значајна поддршка е обезбедена од Здружението за заштита на авторските права на аудиовизуелните медиуми (ВАМ) и Cineplexx, ексклузивниот кино партнер во 11 земји и 33 градови.

Целосната програма е без надомест за сите регистрирани училишта и младински групи.

За прашања, барања и предлози слободно контактирајте не’ на info@bidizelen.org.

Секое добро,

Тимот на Гоу Грин, координатор на EU Youth Cinema: Green Deal во С.Македонија


ПРИЈАВУВАЊЕ

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Step 1 of 4
ПРИЈАВА ЗА ПРИСТАП ДO OБРAЗOВНATA ФИЛMСKA ПЛATФOРМA
Доколку не сте пријавени на нашата платформа, тоа може да го направите со пополнување на оваа.


EU Youth Cinema: Green Deal ко-финансиран од Европската Унија, е прогресивна идеја посветена на одржлива Европа, презентирајќи ги релевантните цели на Европската Унија во филмски контекст. Проектот го опфаќа Европскиот дијалог и затоа е апсолутно политички неутрален и демократски. Преку него учиме да го цениме и разбираме Зелениот договор на ЕУ, но исто така нуди и интеркултурна платформа за мултикултурен пристап кон зелената агенда.

Платформата содржи внимателно избрана колекција од над 50 европски филмови, дополнети со посети на кино, современи наставни материјали, работилници и дискусии. Ова целогодишна едукативна програма е особено насочена кон адресирање на еколошките предизвици за младите, промовирање зелени навики и поттикнување поздрав, поодржлив начин на живот.

Наставниците од сите 12 учеснички земји може да се регистрираат бесплатно во секое време на www.youth-cinema.eu за да го стримуваат целиот зелен филмски избор, да организираат кино посети, да се сретнат со еколошки експерти и да дискутираат за критичните глобални предизвици.

Cледете не: